Македонија
24. January 2020 - 13:54

Моторциклист итно пренесен во Градската болница

Вчера попладне моторциклист изгубил контрола и паднал на коловозот, по што ил пренесен во болница.

Имено во 15 часот и 45 минути на улица „Качанички пат“ во Скопје, С.М (47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.