Свет
20. October 2015 - 20:34

Москва: Ширењето на базата Емари е отворена провокација

Плановите за ширење на воздухопловната база Емари во Естонија за потребите на НАТО, Русија ги смета за провокативен чекор, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Подготовките за ширење на таа база, Русија, како што се наведува во соопштението, ги смета за провокација направена со цел да се дестабилизира ситуацијата во традиционално стабилниот регион во Европа, кога е во прашање воената безбедност, пренесува руската агенција ТАСС.