Македонија
2. April 2020 - 17:02

Монтажната болница идната недела ќе може да прими пациенти

По четворица пациенти во шатор со вентилација и систем за електирчно напојување. Вакви се условите на монтажната болница во која ќе се сместуваат заразените со корона по исполнување на болничкиот капацитет на инфективна.

„Мобилната болница на армијата сместена во дворот на Инфективната клиника е на површина од 1.000 метри квадртати. Нејзиниот капацитет е 130 легла.

Со поставувањето на мобилната болница, здравствените власти очекуваат дека инфективната клиника ги задоволува потребите за болничко лекување на заразените.

Монтажната болница е донација од армијата на Норвешка. Од министерството за здравство велат дека поставувањето е по барање на министерството за здравство а во тоа помогнал и градот Скопје.

Според здравствените власти, местоположбата на времениот сместувачки капацитет ќе помогне во навремено лекување на пациентите поради поврзаноста со инфективната клиника во која работат најголем дел од инфектолозите во државата.