Монсунски дождови во Индија, најмалку 125 загинати
Спасувачките екипи во Индија се обидуваат да стигнат до десетици куќи уништени во поплавите предизвикани од монсунски дождови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави, во кои загинаа 125 лица. Државата Махараштра е најтешко погодена од најновото невреме. Ова се најобилните дождови во јули во последните неколку децении, велат научниците. Тие траеја неколку дена и погодија стотици илјади луѓе, додека постои опасност големите реки да се излеат од нивните корита.
Во Талије, на околу 180 километри југоисточно од финансискиот центар Мумбај, бројот на загинати се искачи на 42, а уште четири тела беа најдени откако повеќето куќи во селото исчезнаа при лизгање на земјиштето, изјави висок владин претставник на Махараштра. Тој рече дека се заробени уште околу 40 луѓе.
Според него, „шансата да се спасат живи е мала, бидејќи се наоѓаат во калта повеќе од 36 часа “. „Околу 90.000 луѓе се спасени од поплавените подрачја“, се вели во соопштението на владата на Махараштра. Илјадници камиони беа заробени повеќе од 24 часа на автопатот што го поврзува Мумбај со јужниот технолошки центар Бангалор, а на некои места патиштата беа поплавени. Премиерот Наренда Моди рече дека е очаен поради настраданите. „Ситуацијата во Махараштра поради обилните дождови внимателно се следи и укажана им е помош на погодените“, напиша Моди на Твитер.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите