Модерна ќе развие дополнителна доза од вакцината за новооткриениот „омикрон“ сој на коронавирусот
– Компанијата Модерна соопшти дека има намера да развие засилувачка доза на антиковид вакцината, специјално насочена кон новиот вид на вирусот – омикрон, што е откриен во Јужна Африка, а Светската здравствена организација го опиша како „загрижувачки“.
„Модерна брзо ќе развие кандидат за вакцина за засилувачката доза специфична за омикрон сојот“, се наведува во соопштението на американската компанија. Советодавниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) вчера го класифицираше новиот сој на коронавирус , откриен во Јужна Африка, како „загрижувачки и високо пренослив вирус“ и го нарече омикрон.
Во истата категорија е и делта сојот на вирусот што стана доминантен во светот. Бројни земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Канада, ЕУ и други, вчера експресно воведоа ограничувања за патување од земјите во јужна Африка поради новиот сој на вирусот.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми