Младинскиот сојуз алармира: Младите си одат од државата
Последниве 20 години повеке од половина милион се иселиле од Македонија покажува статистиката, а бројките од најновите истражувања се дури и пострашни, алармираат од младинскиот сојуз.
Граѓанскиот сектор апелира до сите политички фактори да се фокусираат на решавање на проблемот наместо да се политизира. Потребна е заедничка стратегија во која ке се вклучат сите страни.
Комуникологот и координатор на Програма за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов
Министерката за труд и социјала Тренчевска се пофали дека податоците покажуваат дека младинската невработеност е во опагање.
Задоволна е од резултите кои ги даваат владините мерки како што се практиканството и самовработувањето .
Според директорот на ТИРЗ Деспотовски секогаш може повеке. Инвеститорите се заинтересирани за младиот кадар и неговата дообука.
Преставниците на младите на денешниот дијалог организиран од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи апелираа до своите врсници подобро да се информираат за нивните работнички права и што се им нудат законските решенија за вработување.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар