Македонија
28. October 2020 - 16:42

Митко Јанчев закажа протест пред партиското седиште онлајн - за ВМРО-ДПМНЕ тоа значи дека Јанчев нема поддршка

Градоначалинкот на Кавадарци го закажа, па го откажа протестот за смена на Мицкоски. Првично закажан за понеделник пред партиското седиште, Јанчев вели дека по консултации со здравствените власти, протестите ќе се одржат он лајн, но намерата е иста – Мицкоски да ја напушти лидерската фотелја во ВМРО-ДПМНЕ. 

По најавите за протест, преку социјалните мрежи општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Каварадци се огради од ставот на градоначалникот. 

-ВМРО-ДПМНЕ како партија која се бори против политиките на Зоран Заев кои нанесуваат штета на државата очекува свој придонес во падот на оваа власт да даде и Митко Јанчев, се вели во нивната објава. 

Но Јанчев тврди дека ја има поддршката и од општинскиот комитет и дека ова е личен став на првиот човек на партискаа организација. 

Откажаниот протест според ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека Јанчев нема поддршка од партиските членови. Сметаат дека на ваков начин тој само и помага на власта да ја дефокусира јавноста од неспособноста да се справат со здравствената криза.

Реагираше и претседателот на новоформираниот патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ. Пандов преку социјалните мрежи порачува дека на овој протест тој ќе одговори со контра протест во исто време и на исто место, за да докаже дека Јанчев нема поддршка од членовите на партијата.