Мирен протест на судската администрација пред велешкиот Основен суд
На мирен двочасовен протест педестина административни работници денеска излегоа пред вратата на Основниот суд во Велес за да искажат незадоволство од одлуките да примаат пониски додатоци за плата во споредба со судиите за септември и октомври годинава.
Горан Чолаков, претседател на синдикалната организација на судска администрација при велешкиот суд изјави дека тие се чувствуваат дискриминирано и затоа што Судскиот буџетски совет на дел од нивните колеги се уште не им го ислпатил задржаниот дел од плата од последниот штрајк од 2016 година, иако во преговори Синдикатот, Здружението на судска служба и УПОЗ тоа им го обезбедиле во преговори со Владата.
Чолаков рече дека со овој протест упатуваат апел до Судскиот буџетски совет да не донесува одлуки кои создаваат дополнителен раздор помеѓу вработените, а што придонесува и така големата разлика во плати и надоместоци помеѓу судиите и судската служба да биде уште повеќе изразена.
Тој порача дека е крајно време за подигнување на јавната свест дека дел од тимот на судството се сите вработени во судска администрација и дека тие заслужуваат еднаков почит и третман и подобра материјална состојба.
– Бидејќи ефикасноста за судството во земјава, но и пред меѓународната заедница ќе се подобри само кога целиот тим заеднички и посветено ќе работи за истата цел, нагласи Чолаков.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари