Македонија
29. September 2020 - 16:38

Министрите потпишаа Кодекс за етичко однесување

Министрите потпишаа Кодекс за етичко однесување, вицепремиерот Николовски им порача дека нетранспаретното работење нема да се толерира.

Во новиот мандат министрите, директорите и раководителите во јавните институции на секои 6 месци ќе треба да поднесуваат финансиски извештај за направените трошоци и јавно да ги објавуваат сите податоци за сработеното.

 - Ако владините функционери не го испочитуваат Кодексот, ќе одговараат согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За секој кој нема да го почитува кодексот, премиерот ќе може да побара и политичка одговорност, односно негова оставка, подвлече Николовски.

Премиерот Заев повторно ги потсети министрите дека се менливи. Токму затоа им порача дека довербата на граѓаните треба да биде врвен приоритет, заедно со траспарентното, отчетно и непристрасно работење.

- Јакнењето на системот на етички исправно и добро управување ќе им служи на сите граѓани, без исклучок, со кои градиме правично и едно општество за сите. Довербата на граѓаните не ни е дадена еднаш за секогаш. Преку нашето однесување треба секојдневно да докажуваме дека ги запазуваме јавниот интерес и општото добро, исполнувајќи ги стандардите што граѓаните ги очекуваат од нас, рече премиерот Заев.

Со имплементацијата на кодексот кој денеска го потпишаа министрите, а владата го донесе на седница на 22 септември, Македонија ја исполнува и препораката на ГРЕКО за воведување систем на санкции и подигнување на свеста на јавните функционери.