Македонија
30. September 2022 - 20:29

Министерството за здравство да ја врати програмата за бесплатни прегледи за време на бременоста, бара здружението за еманципација

Министерството за здравство да ја врати програмата за бесплатни прегледи за време на бременоста и бесплатно породување на жените кои немаат здравствено осигурување, бара здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. Истражувањето на ЕСЕ покажало дека многу трудници, повеќето од социјално загрозени семејства не можат да стигнат до гинеколог, а нивниот и животот на бебето биле доведени во опасност поради неконтролирана бременост.

- Здравствената заштита за време на бременоста е од исклучително значење за здравјето на мајката и детето и мора да се спроведе во точно назначени временски периоди. Несоодветна здравствена заштита за време на бременоста и при породувањето може да резултира со нарушено здравје, па дури и смртен исход за мајките и новороденчињата, рече Борјан Павловски, од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

Министерството за здравство не планира да ја врати програмата, од таму објаснуваат дека сите граѓани во државата имаат можност да се за се вклучат во системот на задолжителното здравствено осигурување. 

- Оние жени кои не можат да бидат опфатени со системот на задолжителното здравствено осигурување од причина што се лица без идентификација, Програмата им обезбедува бесплатни прегледи во текот на нивната бременост и раѓање. МЗ дополнително укажува дека законот дава можност граѓаните по различни основи да се пријават во системот, одговорија од МЗ.