Фудбал
26. February 2017 - 18:24

Минимални победи на Лацио и Милан со голови од пенал

 
 
Екипите на Лацио и Милан забележаа минимални победи во денешните натпревари од 25.коло на италијанскиот фудбалски шампионат.
 
 
Двата тима кои се борат за излез на европската сцена следната сезона славеа победи со 1-0 и тоа со голови постигнати од пенал.
 
Лацио победи на домашен терен против Удинезе со голот на Чиро Имобиле (72.минута), додека Милан славеше на гости кај Сасуоло со погодокот на Колумбиецот, Карлос Бака (22). 
 
На останатите натпревари одиграни попладнево: Киево – Пескара 2-0, Џенова – Болоња 1-1, Кротоне – Каљари 1-2 и Палермо – Сампдорија 1-1. 
 
Вчера победи од 2-0 забележаа Јувентус против Емполи и Аталанта на гостувањето кај Наполи. 
 
Вечерва од 20.45 часот се игра дербито меѓу Интер – Рома, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот Фиорентина – Торино (20:45 часот). 
 
Табела: Јувентус 66 бода, Рома 56, Наполи 54, Аталанта 51, Лацио 50, Интер 48, Милан  47,..