Loading Video...
Кошарка
18. јуни 2021 - 16:05

Милвоки се избори за „мајсторка“ против Бруклин

 
 
Кошаркарите на Милвоки се изборија за решавачки седми натпревар против Бруклин во полуфиналето од Источната конференција на НБА плеј-офот. 
 
„Бакси“ забележаа триумф со 104-89 во мечот број шест, со што го израмнија резултат на 3:3 во победи.
 
Крис Мидлтон и Јанси Антетокумпо одново беа најдобри во победничката екипа, завршувајќи ја средбата со дабл-дабл. Мидлтон постигна 28 поени, а имаше и 10 скокови, додека Антетокумпо реализира 30 поени и 17 скока. 
 
И на спротивната страна двоен ефект имаше Кевин Дурант со 32 поени и 11 скока, но недоволно повторно сам да го одведе својот тим до нов триумф. 
 
Така „мајсторка“ закажана за во понеделник наутро во Бруклин, ќе реши кој тим ќе игра во конференциското финале, а кое ноќеска ќе се борат Атланта и Филаделфија, меч во кој домаќините влегуваат со предност од 3:2 во победи во серијата подобар до четири.