Loading Video...
Кошарка
11. January 2020 - 17:07

Милвоки и Лејкерси „пресилни“ за Сакраменто и Далас

Двата најдобри тима во НБА лигата во досегашниот тек на сезоната остварија победи и на синоќешните средби. 
 
Милвоки до 34-тата победа стигна со убедливиот настап на гостувањето кај Сакраменто кого го совлада со 127-106 меч во кој Мидлтон со 27 и Бледсоу со 24 поени беа најефикасни во победничката екипа. 
 
Леброн Џејмс пак со дабл-дабл учинокот со 35 поени и 16 скока ги предводеше „Лејкерси“ во победата над Далас на гости со 129-114, вкупно 31-ва за тимот од Лос Анџелес. 
 
На домаќините не им помогна ниту расположениот Лука Дончиќ кој средбата ја  заврши со 25 поени и десет скока.