Loading Video...
Кошарка
8. May 2022 - 13:38

Милвоки и Голден Стејт поведоа со 2-1 во дуелите со Бостон и Мемфис

Екипите на Милвоки и Голден Стејт поведоа со 2-1 во победи во дуелите против Бостон и Мемфис во полуфиналната серија по конференци во НБА плејофот. 
 
Актуелниот шампион Милвоки предводен од Јанис Антетокуомпо кој покрај 42-те поени имаше и 12 скокови и 8 асистенции, во неизвесен натпревар го совладаа Бостон со 1-3-101.
 
Во Западната конференција Голден Стејт пред својата публика, во супер ефикасен натпревар, го декласира Мемфис со 142-112, за водство од 2-1 во серијата подобар до четири победи. 
 
И следните два меча меѓу овие тимови ќе се играат во Мемфис и Сан Франциско.
 
Вечерва на програмата се четвртите дуелите меѓу Далас и Феникс, кои ќе играат во терминот од 21 часот и 30 минути, одосно Филаделфија  и Мајами чиј дуел е во терминот од 2 часот по полноќ.
 
Предност од 2-1 во победи имаат екипите на Далас и Мајами.