Loading Video...
Фудбал
23. May 2022 - 12:55

Милевски го објави списокот на играчи за стартот на новиот циклус во Лигата на нациите

Благоја Милевски селекторот на најдобрата фудбалска репрезнетација на Македонија денеска го објави Милевски го објави поширокиот список за стартот на новиот циклус во Лигата на нациите
 
Македонија во јуни ја очекуваат четири средби во новиот циклус во третата по квалитет конкуренција во Лигата на нациите. 
 
На списокот на Милевски се најдоа 28-мина фудбалери, а меѓунив ги нема искусните Адеми и Јаховиќ, додека нови имиња се Димоски, Гроздановски и Фазлагиќ.
 
“Базата на тимот веќе ја имаме со фудбалерите кои ги одиграа натпреварите за пласман на Светското првенство, но нашата цел е тројцата нови фудбалери во составот Димоски, Гроздановски и Фазлагиќ да донесат одредено освежување во репрезентацијата.Шанса за потврда на својот потенцијал и квалитет ќе добијат сите и низ подготовките и натпреварите, помладите фудбалери треба да покажат дека можат да бидат важен дел од репрезентацијата во нашите натпревари од квалификациите за Европското првенство чија ждрепка е закажана во октомври. Јас се надевам на многу позитивни работи во периодот што ни следува, иако распоредот ни наметнува четири меча, а фудбалерите завршија со клупски активности. Дел од нив како последица од напорната сезона и бројот на одиграни натпревари нама да бидат во комбинација за настап за натпреварите кои ни следуваат, а ќе видиме каква е ситуацијата со дел од играчите кои имаат повреда и дали ќе бидат во можност да настапат”, изјави Милевски
 
Серијата на натпревари црвено-жолтите ќе ја започнат на 2 јуну со гостувањето во Разград против Бугарија по што патуваат за Гибралтар каде на на 5 јуни го играат првиот од двата меча со оваа селекција. 
 
На 12 јуни во Скопје е возвратниот натпревар со Гибралтар, додека претходно на 9 јуни ја пречекуваме селекцијата на Грузија. Циклусот на натпревари во Лигата на нациите завршува со мечевите во септември месец и тоа на 23-ти со гостувањето кај Грузија односно на 26 септември против Бугарија во Скопје.
 
 
СПИСОК НА ПОВИКАНИ ФУДБАЕРИ
 
ГОЛМАНИ: 
СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), 
ДАМЈАН ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), 
КРИСТИЈАН НАУМОВСКИ (Шкупи), 
ДЕНИ ИЛИЕВ (Тренцин, СЛОВАЧКА);
 
ОДБРАНА: 
СТЕФАН РИСТОВСКИ (Динамо З, Хрватска), 
ДАРКО ВЕЛКОВСКИ (Ријека, Хрватска), 
ВИСАР МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), 
КИРЕ РИСТЕВСКИ (АЕЛ Лимасол, Кипар), 
ЕЗЃАН АЛИОСКИ (Ал Ахли, Саудиска Арабија), 
ТОДОР ТОДОРОВСКИ (Серед, Словачка), 
СТЕФАН АШКОВСКИ (Сепси, Романија), 
НИКОЛА СЕРАФИМОВ (Залаегерсег, Унгарија), 
ЃОКО ЗАЈКОВ (Славија Софија, Бугарија), 
БОЈАН ДИМОСКИ (Академија Пандев); 
 
СРЕДЕН РЕД: 
ЕЛИФ ЕЛМАС (Наполи, Италија), 
ЕНИС БАРДИ (Леванте, Шпанија), 
СТЕФАН СПИРОВСКИ (МТК, Унгарија), 
ЕНИС ФАЗЛАГИЌ (Висла Краков, Полска), 
ТОМЧЕ ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), 
ЕРДАЛ РАКИП (Малме, Шведска), 
БОБАН НИКОЛОВ (Шериф Тираспол, Молдавија), 
ДАВИД БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија); 
 
НАПАД: 
МИЛАН РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), 
БОЈАН МИОВСКИ (МТК, Унгарија), 
ДАРКО ЧУРЛИНОВ (Шалке, Германија), 
АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, С.Арабија), 
ВАЉОН ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), 
ДОРИАН БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија);