Loading Video...
Спорт плус
22. March 2018 - 15:39

Миленкоски го однесе тимот на Зират банк во финалето на ЦЕВ купот

Македонскиот стратег Јошко Миленковски уште еднаш потврди дека е „мајстор“ за високи дострели.
 
Миленковски кој веќе долг период работи во Турција, а воедно е и селектор на одбојкарската репрезентација на оваа земја, сега со својот тим Зират банк обезбеди пласман во финалето на ЦЕВ Купот. 
 
Турскиот тим ги доби двата полуфинални натпревари против италијанската Верона, па во мечевите за титулата ќе се сретне со топ-фаворитот Белгород од Русија.
 
Првиот меч ќе се игра во Русија на 3 април, а реваншот е седум дена подоцна (10 април) во Турција.