Милчо Манчевски во жири со Изабел Ипер и Абел Ферара на Филмскиот фестивал во Кина
Македонски режисер Милчо Манчевски минатата недела беше во жирито на Интернационалниот филмски фестивал во кинескиот град Хаинан, заедно со француската филмска ѕвезда Изабел Ипер и култниот американски режисер Абел Ферара.
Ова е нов фестивал, лансиран минатата година со ѕвездите Џони Деп, Жилиет Бинош, Мадс Микелсен, Николас Кејџ и Џеки Чен, а на годинашното второ издание на црвениот килим прошетаа и холивудската ѕвезда Итан Хок, иранскиот оскаровец Асгар Ферхади, оперската дива Сара Брајтман и голем број азиски филмски и музички ѕвезди.
Куриозитет на фестивалот е тоа што филмските проекции се одржуваат на отворено, во огромното гледалиште на една од најпознатите азиски плажи во градот Санја. Фестивалот привлече големо медиумско вниманите од азиските и светските медиуми.
Манчевски и колегите ја оценуваа главната селекција од 13 меѓународни филмови, а наградата „Златен кокос“ ја доделија на кинескиот филм „Балон“. Кинеските медиуми пренесуваат дека претседателката на жирото Изабел Ипер рекла дека филмот е нејзино семејство и иако сите сме од различни култури и земји, сите сме обединети кога станува збор за уметноста, а Манчевски рече дека за еден филм единствено е важно да ти го допре срцето.
Милчо Манчевски е почитуван уметник во Кина и неговите дела се многу познати во оваа земја. Во 2017 година Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија. Тогаш, на јубилејното 20-то издание на Филмскиот фестивал во Шангај беа прикажани сите негови филмови, тој беше и во жирито за главната награда на Фестивалот, одржа и мастерклас на Универзитетот во Шангај, беше отворена и негова изложба фотографии, а беше промовирана и негова книга што е издадена во Кина.
Манчевски и Ипер по вторпат се среќаваат во Кина, отакако на фестивалот во Шагај во 2017 година тие заедно во улога на презентери на сцената ја објавија и главната филмска награда.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација