Loading Video...
Ракомет
15. July 2021 - 14:39
Михајловски потврди – Ќе биде платен депозитот и Вардар ќе игра во ЛШ
РК Вардар ќе ја подмири обврската кон ЕХФ и ќе игра во Лигата на шампионите
Првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, потврди дека клубот ќе го уплати 1 милион евра сима која ЕХФ ја бара како депозит за настап на македонскиот првак во Лигата на Шампионите.
„Средства ќе се обезбедат, ќе бидат уплатени до крајниот рок и Вардар ќе игра во Лигата на шампионите идната сезона“– кратко изјавил Михајловски.
Првата рата требаше да биде уплатена до завчера, а крајниот рок за плаќање на целата сума на депозитот е 27 јули.
ЕХФ овој депозит го побара како гаранција дека ќе бидат подмирени долговите што Вардар ги имаше кон некои ракометари како неисплатени обврски од времето кога сопственик беше Сергеј Самсоненко.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->