Македонија
13. March 2018 - 19:24

Мицковски на терен во Струмица

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денеска па во наредните неколку недели ќе биде на терески посети и средби со граѓаните низ целата држава. Стартот го направи од Струмица а целта била да се сретнат со што поголем број граѓани за да ги слушнат нивните ставови и идеи кои панатму требало да им послужат како навигација за новата програма на партијата. Мицкоски средбиоте ги започна со младите од Струмица со кои разговарале за проблемите со кои се соочуваат, но и за актуелните политички и економски теми.  Претседателот на ВМРО ДПМНЕ најави дека новата програма ќе биде промовирана по завршувањето на овие посети  и треба да понуди нови решенија кои ќе значат нова, современа, технолошки развиена Република Македонија и решенија кои ќе гарантираат подобра иднина за сите.

,, Решенија кои што ќе гарантираат подобра иднина за земјоделците, лекарите, адвокатите, студентите, младите луѓе во целост. И сите оние целни групи кои што очекуваат резултати, очекуваат подобар живот во Република Македонија, но она што го добиваат денеска е разочарување и понижување на дневна основа.,, рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ

Мицкоски информираше дека  на веќе завршениот  конкурс за нови претседатели на општинските комитети  на партијата во цела држава се пријавиле неколлку илјади кандидати.   Очекувањата се до крајот на април и почетокот на мај да заврши целата постапка , а со тоа да се комплетира целокупната структура на раководствата во општинските комитети, по што ќе следувала втората фаза на работно лето.