Македонија
19. April 2021 - 10:33

Мицкоски: Заев треба да се згрози што секој ден неговата влада е потоната во брутален криминал

Кога Зоран Заев по политичка потреба се згрозува за 27 април, сметам дека е добро да кажам за што вистински треба да се згрози. Заев треба да се згрози за фаталната неспособност на неговата влада која ја направи државата рекордер по смртност поради Ковид во Европа и Светот и последна според вакцинирани граѓани, пишува на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Зоран Заев треба да се згрози што човек почина во Кратовско затоа што немаше хеликоптер и имаше целосно отсуство на реакција од институциите, но затоа имаше хеликоптер за сликање на премиерот и министерот Филипче имаше. Одговорност? Одговорност нема…. Зоран Заев треба да се згрози што секој ден неговата влада е потоната во брутален криминал, корупција и афери. Влада која од Македонија направи бразилска фавела, а ветуваше европска оаза. Зоран Заев треба да се згрози што белосветски мафијаши, нарко трафиканти нашле потпора и логистика во македонските пасоши. Народот секој ден се згрозува од неспособноста на владата. Нема ден некој да не протестира, синдикалци, невработени, угостители… а владата го пљачка народот додека струмичките фирми, и тоа не сите, туку оној дел блиски до кланот растат секој ден сѐ повеќе. Крајот во политиката ви е блиску, исто како и соочувањето со одговорност, стои во објавата на Мицкоски.

Кога Зоран Заев по политичка потреба се згрозува за 27 април, сметам дека е добро да кажам за што вистински треба да се...

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, April 19, 2021