Македонија
9. May 2021 - 16:38

Мицкоски со пораки од Прилеп: ЕУ да биде погласна за криминалите на власта

На Денот на Европа бараме од Европа да го испорача тоа што го ветија, датум и започнување на преговории без дополнителни услови и без дополнителни барања. Македонскиот народ заслужува да го започне патот кон полноправно членство во ЕУ. Ова беше главната порака која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја упати на средбата со граѓани во Прилеп, која се рреализираше на Паркот на Револуцијата по повод Денот на Победата над фашизмот. Мицкоски рече дека Македонија 30 години правела само отстапки, а не добила ништо. 

„Сменивме знаме, Устав во повеќе наврати, добивме пресуда во Меѓународниот суд во Хаг па не убедуваа дека тоа била цената на геостратегијата и силата на посилниот, Заев го смени уставното име и повторно го промени Уставот. Потпиша договор со Бугарија кој го нарече договор за добро соседство, и се фалеше дека ги затворил сите отворени прашања. И што добивме? Од Европа добивме тапкање по рамо, ветувања и нов услов за напредок на патот кон ЕУ. Сега наместо почеток на преговорите условот е да признаеме дека пред 1944 година сме биле Бугари, дека нашиот јазик бил бугарски“, истакна Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Настанот во Прилеп беше во организација на Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ. Претседателт на Институтот, Александар Пандов, рече дека оддаваат почит на партизаните погребани тука на Могилата кои биле убиени од бугарскиот фашистички окупатор, а не од администраторите, како што некој сакал да ги направи. 

„Дали тие биле фашистички окупатори или администратори. Затоа што ако го слушаме Зоран Заев ние имаме чувство дека во Македонија сме имале граѓанска војна помеѓу себе со тогашната администрација, а сите знаеме дека тоа не било така“, кажа Александар Пандов, претседател на Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ редни било народот да си ја врати државата назад, а со тоа ќе се оддадело и почит за паднатите херои од НОБ кои ја донесле оваа слобода која ја имамер денес.