Македонија
2. August 2020 - 16:22

Мицкоски од Ташмаруништа: Државата сериозно скршнува од Илинденските идеали

Државата сериозно скршнува од патот на илинденските идеали и сето тоа е со намера за да народот биде во апатија и мисли дека сите сме исти. ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минатото му се извинуваме на народот порача во денешниот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на Илинден е во струшко Ташмаруништа.

Мицкоски потенцира дека станавме општество на лажни величини тие самопрогласени морални судии ја глумат совеста на општеството и истураат омраза, создаваат делби, провоцираат, а всушност се маска зад која се крие немоќта на естаблишментот на власт вистински да се справи со проблемите. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ова е натпревар кој се игра до последна минута, па така и со формирањето на владата,  најави дека борбата продолжува и знае како многумина се чуствуваат денес по изборите.