Македонија
19. January 2022 - 16:34

Мицкоски: Народот бара нова Влада, СДСМ: Избори нема да има

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара укинување на т.н. пржинска влада доколку опозициски министери во извршната власт се причина власта постојано да одбива предвремемени избори, најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Тој смета дека актуелната влада на Ковачевски е вусшност влада на ДУИ само администрирана од него.

- Подготвени сме да доставиме и измени во изборниот законик во кои што ќе нема техничка влада, односно да нема 100 дена губење време на граѓаните на Македонија, и ќе го користиме оној уставен рок од 45 до 60 дена, ако е тоа пречката па се исплашени од предвремени парламентарни избори нека им остане министерот за внатрешни работи, нека им остане новиот министер за труд и социјална политика, нема да има заменици во земјоделие, финансии, и администрација и информатичко општество, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ испрати порака и до помалите коалициски партнери во Владата дека ако се за една изборна единица како услов за избори, тогаш тој е подготвен да разговара и за тоа прашање.

Од владејачката СДСМ не одговараат конретно дсли се за или против предлогот на Мицкоски, но велат дека предвремемни избори нема да има, а лидерот на ВМОР-ДПМНЕ се однесува деструктивно.

„Мицкоски го интересираат само избори и како да се докопа до власт иако и граѓаните и целата јавност е против. Избори нема да има, парламентарното мнозинство е зголемено избрана е нова влада, Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби“, велат од СДСМ.