Македонија
15. December 2019 - 16:24

Мицкоски: Наместо економска, 2019 беше година на сиромаштија

Има начин како да се обезбедат случаите на СЈО, а тврдењата на Заев дека ако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт тие ќе пропаднат се лицемерни, одговара опозицискиот лидер.

Мицковски денеска вели дека Заев е тој кој позади завесата, преку своите судии во Уставениот суд охрабрува амнестија, а јавно зборува друго.

Мицковски денеска ја анализираше економската ситуација во земјава. Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот.

Успесите со кои се фали Владата според него се измама. Капитални инвестиции нема, има пад на странските директни инвестиции, компаниите помалку плаќаат данок на добивка, а вработувањата за кои зборува власта се главно вештачки и непродуктивни.

Лидерот на опозицијата вели дека бројот на работници во преработувачкиот сектор се намалува, а општо состојбава во оваа дејност се влошува.

Ветувањата од пред изборите не се исплонуваат ни кога се работи за растот, ниту за платите, оценува тој.

Денеска Мицковски рече дека ќе побара разрешување на еден од неговите советници кој деновиве беше вмешан во инцидент.

Се работи за Томислав Димитровски кој репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата.

Според Мицкоски без разлика што го знае од детсво и се работи за квалитетен кадар, во ВМРО-ДПМНЕ нема место за луѓе кои ја земаат правдата во свои раце.