Македонија
5. May 2021 - 16:23

Мицкоски: Над 200 криминалци се уште имаат непоништени македонски пасоши

Во врска со казните кои Судот им ги одреди на вработените од МВР за случајот „Двојник“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи напиша дека службениците добиле минимални казни за да се заштити криминалот на власта.

„Кога ја објавив аферата Мафија, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа. Денес, кога за тоа што над 200 криминалци од Шкаљарскиот клан, турската, албанската мафија, ИСИС, италијанската 'Ндрангета имаат македонски пасоши кои не се поништени, судството на Заев суди по само 2 години затвор, никаде ги нема да кажат збор. Затоа што овие службеници требаат да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта. Договорена работа и голем срам! Одговорност ќе има веднаш по смената на власта. #МакедонскаПролет #ИднинатаЕНаша“, напиша Мицскоски.

Кога ја објавив аферата мафија, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа. Денес, кога за тоа што над 200...

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, May 5, 2021