Македонија
27. February 2020 - 16:33

Мицкоски на инвеститорите им ветува реформи на судството

Стабилносот, правна сигурност, консултација на бизнисот пред носењето закони, јаки  државни институции  и пријателски насочена влада кон странските инвеститори. Ова се барањата на германските стопанственици кои ги очекуваат од новата Влада по изборите. Какви приоритети и проекти нуди опозициската ВМРО ДПМНЕ, денеска слушнаа од лидерот Мицковски.

 - Целта е со овие средби со големите политички партии да слушенеме какви планови имаат за бизнисот и како ќе ја подобрат бизнис климата во земјава, кои ќе им бидат приоритети,  изјави Патрик Мартенс, шеф на Делагацијата на германското стопанство

Инвеститорите мора да се чувствуваат сигурни во државата каде ги вложуваат своите пари. Затоа Мицковски им вети реформи во судството судство

 Треба реформирано судство, а не вакво  кое од Сваровки  прерасна во Луј Витон. Ќе понудиме сет на мерки и политики кои ќе поттикнат раст и стабилносот, а со тоа инвеститорите ќе се чувствиаат сигурни, изјави Христијан Мицковски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Главниот проблем за геманските инвеститори е  недостигот на квалификувана работна сила. Мицковски им вети мерки со кои  ќе се спречи одливот на кадар  од земјава и ќе се инвестира во образованието. Бизнисот побара и инвестиции за зајакнување на здравствениот систем, кои ќе им помогнат на компаниите да им понудат подобри услови на квалитетните кадри, а со тоа ќе ги задржат да останат  во сопствената држава.