Македонија
18. September 2020 - 15:04

Мицкоски: Мафијата купи службени возила за 8 милиони евра а ја осуди Јанкулоска за набавка на едно возило кое го вози Заев

Купија службени автомобили за 8 милиони евра, а ја судат Јанкулоска за набавка на само едно возило кое сега го вози Заев. Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на социјалните мрежи вели дека целокупното судство работи под силен политички притисок, односно ги суди само функционерите на опозицијата додека како што вели, останува слепо на криминалот на власта.

„ Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор.

Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт.

Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО ДПМНЕ.

Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата.

И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде.“ – напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Денеска Врховниот суд ја потврди пресудата на Апелација за затворски казни за Груевски, Јанкулоска и Поповски за набавка на блиндираниот Мерцедес кој актуелната власт, прво најави дека ќе го продава, за денеска со него да се возат владини функционери.

 

Александар Спасовски