Loading Video...
Ракомет
1. March 2021 - 17:03

Металург домаќин на Адемар, a Пелистер гостува кај Кадетен Шафхаузен

 
Македонските претставници во ракометната Европската лига, Металург и Еурофарм Пелистер утре ќе играат натпреварите од последната 10-та рунда во групната фаза.
 
Металург ќе игра во Скопје, каде ќе го пречека шпанскиот тим Адемар Леон во меч од А групата. 
 
Во исчекување на резултатите од Ковид тестовите, а според најавите,  за разлика од претходните натпревари на утрешниот во тимот се враќа искусниот хрватски репрезентативец Хорват. 
 
Дуелот против Адемар ќе биде последен за Металург во ова натпреварување во кое за жал тимот од Автокоманда нема шанси да се вброи меѓу четирите екипи кои ќе продолжат понатаму. 
 
Дуелот ќе се игра во арената “Борис Трајковски“, со почеток во 18.45 часот.
 
Затоа пак Еурофарм Пелистер кој ќе гостува кај швајцарскиот Кадетен Шафхаузен има шанса со добар резултат да се избори дури и за втората позиција на табелата во Д групата. 
 
Пелистерци попладнево ослабени без петмина, отпатуваа за Виена, но во тимот ќе ги нема Вегар, Маџовски, Кушан и Кукоски поради повреди како нити голманот Хендави кој нема виза. 
 
Со победа Еурофарм Пелистер сигурно ќе биде трето рангиран, а доколку ГОГ Гудме не направи изненадување на гостувањето во Германија кај Рајн Некар Левен, битолчани ќе бидат на второ место. 
 
Утрешниот дуел меѓу Кадетен и Еурофарм Пелистер ќе започне во терминот од 20 часот и 45 минути.