Loading Video...
Фудбал
2. December 2019 - 18:12

Меси пред ново историско достигнување !?

Вечерва во Париз ќе се одржи свечената церемонија на доделување на признанијата најдобри фудбалери во годината, а најзначајно секако ќе биде признанието „Златната топка“.
 
Во најтесна конкуренција за освојување на ова признание се Аргентинецот, Лионел Меси кој на Барселона лани и донесе двојна круна, неговиот „лут“ ривал Портигалецот, Кристијано Роналдо, но и дефанзивецот, Вирџил Ван Дијк, кој со Ливерпул покрај Премиер лигата, ја освои и Лигата на шампионите. 
 
Според шпекулациите кои се актуелни веќе подолг период, најсериозен кандидат за признанието е Меси, пред Ван Дијк, а дури трет ќе заврши Роналдо.
 
Доколку тоа се оствари Меси ќе стане првиот фудбалер во историјата кој шест пати го освои ова признание, односно ќе го остави зад себе Роналдо кој пет пати ја освојувал „Златната топка“.
 
На свечената церемонијата ќе бидат доделени и наградите за најдобар голман, дефанзивец, играч за врска и напаѓач, а ќе биде избрана и најдобрата екипа за изминатите 2019 година.