Loading Video...
Балкан
14. September 2021 - 16:41

Меркел ги собра лидерите од Западен Балкан на проштална средба во Тирана

Меркел во Тирана на заедничка средба со лидерите на земјите од Западен Балкан, прво со извининување зошто не ги посетила секоја земја посебно.

А потоа на прес конференција канцеларката со домаќинот Еди Рама уште на самиот почеток ги поздрави напорите кои Албанија и Македонија ги вложија за старт на преговорите, со ветување дека процесот на интеграција на овие две земји мора да продолжи.

-Мораме да ја продлабочиме соработката .Би сакала да и честитам на Албанија за реформите направени во последниве години. За жал, ниту Албанија ниту Мкаедонија не може да почнат со преговарачкиот процес за време на германското престедавање со Унијата поради ветото со Бугарија. Но ветивме дека нема да се откажуваме од овој процес бидејки многу енергија и напори беа вложени во него.

Меркел во Тирана ги упати земјите на Западен Балкан поблиску да соработуваат и да се приклучат на зедничкиот економски пазар. Таа се заложи за проодолжување  на Берлинската иницијатива која според неа е вистинското решение за западниот Балкан, но призна дека германскиот проект не се движи со посакуваната брзина. Главни придобивки од овој процес кој започна во 2014 година се укинување на роамингот, поврзување на младите од регионот и проширување на сообракајната структура. По работната средба со сите лидери во регионот, попладнево, канцеларката ќе оставри и билатреални средби со шефовите на владите на Западен Балкан меѓу кои и македонскиот премиер Зоран Заев.