Македонија
27. August 2016 - 19:57

Меѓународна трка во Кавадарци

Младинската асоцијација „Креаткви“ од Кавадарци и Project 2020 CIC денеска во Кавадарци организираат Меѓуанродна трка.

- Во трката учествуваат локални и меѓународни волонтери, волонтери на Црвен Крст и “Кожувчанка”, како и други заинтересирани граѓани. Токму пред почетокот на Европската недела на спортот, целта е да се промовира трчањето како начин на живот, спорт и рекреација, велат од Младинскиот центар “Креактив”.  .

На домашните учесници им се придружија љубители на трчањето   од Белгија, Велика Британија, Естонија, Јордан, Русија, Шпанија, САД и други земји.

Трката се одржува во соработка и со поддршка од општина Кавадарци.