Македонија
6. July 2015 - 16:58

Меѓународен научен симпозиум за манастирот во Демир Хисар

 “Манастирот “Св. Јован Крстител- Слепче- духовен, книжевен и уметнички центар” е темата на вториот меѓународен научен симпозиум, кој денеска и утре, во рамките на “Топлиот културен бран 2015”, се одржува во Демир Хисар.
 
На Симпозиумот учествуваат 17 еминентни научни имиња од земјава и странство, кои ќе дебатираат околу значењето на селото Слепче во милениумскиот лак на словенската култура и уметност, во времето на Архиепископот Прохор, како и за ракописната збирка и историографските  записи во Слпчанскиот манастир.
            
Научниот симпозиум за прв пат се одржа минатата година, а има за цел запознавање со милениумската историја на овие краишта. Истиот се одржува под покровителство на Министерството за култура, а во соработка со :ЛС од Демир Хисар, МПЦ- ОА и Европскиот универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА.