Македонија
3. December 2021 - 16:34

Меѓународен ден на лицата со хендикеп - Се прави ли доволно?

Завршување работа на шалтер, во банка, во болница, одење на училиште, купување во маркет...ваквите активности со кое е исполнето нашето секојдневие, за некои наши сограѓани не се воопшто едноставни и достапни. Станува збор за лицата со попреченост кои се жалат дека и во 21 век, за нив е вистински предизник кога треба да излезат од својот од својот дом за да завршат некоја работа.

Бројни проблеми констатира и народниот правобранител. Од таму посочуваат дека во изминативе 10 години од кога земјава ја ратификуваше Конвенцијата за правата на лица со попреченост, многу малку е направено за да им се олесни животот на овие грааѓни. Во таа насока, а во соработка со 23 граѓански здрженија, потпишаа меморандум за имплементација на конвенцијата.

За грижата за овие луѓе да не остане само на хартија, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на институците им упати препораки како треба да постапат во случај кога лице со попреченост ќе побара нивна помош или сака да оствари некое свое право. 

Денешните активности на невладиниот и јавниот сектор се во насока на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а со цел да се зголеми јавната свест дека и овие лица ги имаат истите права како и сите други граѓани.