Македонија
26. јуни 2017 - 16:23

Меѓаши: Спорната колумна за педофилијата ќе добие пријава до Народниот правобранител

Меѓаши со остра  осуда  реагира на колумната на Никола Шиндре активист на невладина организација преку која се обидува да ја оправда педофилијата.

Директорот на првата детска амбасада прашува дали ќе преземат одговорност за секое следно дете жртва на педофилија  авторот и порталот на кој е објавена колумната. 

Дали Јавниот обвинител ќе го гони кривично активистот  кој се залага за легализација на педофилијата со текстот насловен сексуалноста над рационалноста.

Змијанац потенцира  дека ставовите на Шиндре за педофилијата се спротивни на членот 3 од Конвенцијата за правата на детето. За објавената колумна и користење на медиумски простор со што се прекршуваат правата на детето од  детската амбасада најавија и претставка до Народниот правобранител.

- Да не дозволиме на мала врата, преку медиумскиот простор, легализација на едно од најопасните кривични дела кои оставаат трајни последици по личноста на детето (сексуална злоупотреба / педофилијата ) и немаат врска со сексуалната слобода и борбата за правата на ЛГБТ заедницата! ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ СЕ ЗАЛАГА ЗА ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ИЛИ ХЕМИСКА КАСТРАЦИЈА ЗА СЕКОЈ ПЕДОФИЛ (под ова се подразбираат и мажите и жените иако педофилијата е многу ретка меѓу жените). Доживотен затвор како казнена мерка може да помогне сторителите на овие тешки кривични дела да бидат во целосна изолација. Од друга страна и превентивно да помогне да не се случуваат сексуални злоставувања на деца од истите сторители, а воедно да биде и опомена за сите идни случаи, изјави  Драги Змијанац Директор на Прва детска амбасада МЕЃАШИ.

 

Во борбата против педофилијата треба да бидат мобилни и посветени сите апелира  Змијанац. Родители, граѓани, ѓраѓански организации, медиумите и сите институции треба да бидат активни и внимателни со цел поголема заштита на децата, нивната личност, достоинтво.

Инаку Никола Шиндре во својата колумна пишува дека педофилите се „маргинализирана група“ а исто и децата кои според него „сакаат да имаат сексуални односи со возрасни“.  Овој текст предизвика бура од реакции и осуди и од голем број јавни личности, истакнати професори, психолози, социолози. Токму тие предупредуваат дека ваквите ставови на поединци не се осамени и се многу симптоматични.