Македонија
7. August 2020 - 11:50

Мегаши: Најважно на родителите им е здравјето на децата во пресрет на учебната година

Најбезбеден услов за образовниот процес е онлајн наставата,покажа истражувањето на Меѓаши. Дури 50.8 % од анкетираните родители се изјасниле за вакво образование на нивните деца за време на пандемијата од Ковид 19. Од друга страна 44.7 % се за комбинирана настава, онлајн и физичко присиуство на децата во училиштата со сите запазени протоколи и во помали групи, а 35,3 % од испитаниците се за децата да одат во смени поделени во помали групи со запазени протоколи за безедноста во училиштата. Во однос на онлајн наставата изминатиот период дури 58.2 % од родителите рекле дека децата имале подобри оценки, но се стекнале со помалку знаење.

 

Александар Динев