Loading Video...
Тенис
15. August 2022 - 11:04

Медведев и Швјонтек и натаму лидери на АТП и ВТА листите

Без промени на врвот на најновите тениски ранг листи. 
 
Во ТОП 4 на машката АТП ранг листа нема промени. И покрај раната елиминација на турнирот во Монтреал, Русинот, Данил Медведев останува лидер пред Германецот, Александер Зверев кои и натаму не настапува поради повреда, односно Шпанците, Рафаел Надал и Карлос Алказар 
 
Каспер Руд кој стигна до полуфиналето ги мина Новак Ѓоковиќ и  Стефанос Циципас, па сега Норвежанецот е пети, а Србинот и Гркот се на 6-тото и 7-то место. Зад нив во ТОП 10 следуваат Русинот, Андреј Рубљев, Канаѓанецот, Феликс Агуер Алиасиме и Хуберт Хурекач од Полска. 
 
Кај дамите на ВТА листата нема промени на првите две позиции па така и натаму лидер и Ига Швјонтек од Полска пред Анет Контаивеит од Естонија. 
 
Марија Сакари од Грција ја мина Паула Бадоса од Шпанија, додека Тунижанката, Онс Џабер остана петто пласирана.
 
Најголем прогрес направи Симона Халеп. Романката која триумфира на Мастерсот во Торонто скокна за девет позиции и сега е шеста. На сметка на тоа, пад од едно место бележат Сабаленка, Пегула, Мугуруза и Касаткина кои го комплетираат списокот на десетте најдобри на ВТА листата.