Македонија
15. November 2019 - 17:47

Медицинските сестри незадоволни од зголемените плати

Платите на здравствените работници да бидат зголемени линеарно за сите, во спротивно медицинските сестри се закануваат со работна непослушност. Ова барање доаѓа од Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари и акушерки кои предлагаат наместо 10 проценти за сестри, а 25 за специјалисти сите вработени во здравството да добијат 15процентно зголемување на личниот доход. Од Унијата велат дека со сегашниот предлог ќе дојде до голем јаз меѓу сестрите ко исе со средно и оние со високо образование а уште поголема ќе биде разликата со лекарите.

- Министерот за здравство вели историски договор за зголемување на платите. Јас верувајте се плашам, овој историски договор да не ги однесе сестрите во историјата или преку граница. Незадоволството е големо и тие најавуваат службена непослушност, вели Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС

Од Унијата предупредуваат дека ќе продолжи одливот во странство на млади медицински сестри бидејќи ниту една нема да сака да остане за плата од 17.000 денари. Од друга страна велат дека сестра во вакцинален пункт со 37 години работно искуство зема 20.000 денари.

- И ние придонесуваме, но секогаш не третираат од втор ред. И за претходсното зголемувањ ена плати и сега и постои големо незадоволство и револт, вели Бешлиовска.

Сестрите ги бараат и ветените три проценти од претходното зголемување а сите барања ќе ги разговараат на денешната средба со Самостојниот синдикат за здравство. Освен сестреите, претходно протести најавуаа и болничари и административниот кадар во здравствените установи кои не добија ниту процент зголемување.