Маж починал откако на Клиника бил донесен со тешки повреди со кои се здобил на работото место
Маж со тешки телесни повреди вчера попладне бил донесен на Клиника, а по половина час починал, по што било утврдено дека тој се стекнал со повредите на работно место во една приватна фирма.
Според пријавеното, на 06.05.2021 во 18.56 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 18.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Х.Х.(57) од Скопје, кој во 18.30 часот починал.
Полициски службеници од Полициската станица Чаир извршиле разговор со Т.М.(24) од Горно Свиларе, кој заедно со Х.Х. бил донесен во болницата со тешки телесни повреди.
Тој изјавил дека околу 17.30 часот, додека извршувале работни задачи во приватна фирма, тој и Х.Х. се здобиле со повреди. За настанот биле известени Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани