Македонија
11. July 2020 - 17:07

Масовни собири за крајот на кампањата, дали партиите заборавија на здравјето на граѓаните?

Заборавија ли политичките партии на здравствените протоколи. Собири на повеќе од 50 лица, неодржување на дистанца, поздравување, сликање со политичите лидери и носителите на листи. Вака изгледаат последните денови од предизброната кампања, која стартуваше со строго почитување на мерките и поединечни средби со мал број граѓани. Впечатокот кој сега на самиот крај го оставаат партиите е трка за повеќе гласови, наместо заштита на здравјето. Граѓаните реагираат дека дел од партиите во оваа трка забораваат на протоколите, но оние партии кои денеска одговорија на нашите прашања, го тврдат спротивното. Мерките се почитуваат, но дел од одговорноста имаат и оние кои ги посетуваат партиските собири.

И политичките аналитичари оценуваат дека не сите партии докрај ги испочитуваа мерките, но потенцираат дека организирање на кампања во ваква здравствена криза воопшто не е лесно.

Аналитичарите се со единствена оценка дека оваа кампања ја одбележа негативна реторика како никогаш досега, но тоа нема да има поголем ефект врз изборниот резултат.

Изборната кампања влегува во самиот финиш. Можност за промивање на своите програми партиите имаат до утре на полноќ, кога настапува тридневниот молк.