Македонија
26. February 2021 - 20:01

Масовни протести за ,,Монструм‘‘ - Повредени полициски службеници

Камења, дрва, бекатон плочи, шок бомби. Насилства на протестите „Монструм“.

Седуммина полициски службеници се повредени, а најмалку 8 демонстранти се приведени. Од МВР велат дека се уште се работи на иднетифукување и на други учесници во насилствата.

Полициски кордони не им дозволија на демонстрантите да одат по планираната рута, кон Судот, Собрание, па Влада. Во почетокот помали групи се обидуваа да го пробијат кордонот, фрлаа камења и дрва.

По говорот на роднините на осудените за петкратното убиство почнаа немирите. Поголеми групи удираа по полициските службеници. Редарите се обидуваа да ја смират топлата, но безуспешно.

Откако специјалните единици тргнаа напред, демонстрантите се повлекоа, но уште 15-тина минути летаа камења, бомби и шок бомби.

По половина час мир, се намали бројот на демонстранти, специјалците се повлекоа за толпата да си отиде.

Протестирачите се незадоволни од пресудата за случајот „Монструм. Агим Исмаиловиќ и двајцата бегалци кои во моментот се на Косово добија доживотен затвор. За помагање 15, односно 9 години добија Фејзи Азири и Хаки Азири.

Само Сами Љута беше ослободен, бидејќи обвинителството не успеа да докаже дека е поврзан со петкратното убиство.