Македонија
6. July 2022 - 16:47

Mаричиќ - конечен став за предлогот откако ќе завршат консултациите во Собрание

Германија и ЕУ ке направат се за да гарантираат патот на Македонија да биде отворен во преговарачкиот процес, порача германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Сарацин, одговарајќи на сомнежите дека Бугарија би можела да ја злоупотреби својата позиција со нови блокади и услови.

„ Можам да разберам дека има и критика за овој предлог, дека е тешко, разбирам дека постои грижа дека сопствениот идентитет и јазик ќе бидат доведени во прашања, но можам да кажам дека националниот идентитет, македонскиот јазик и македонскиот идентитет несомнено се јасни, но и со овој предлог што го има се сочувани. Истовремено имам чувство дека нема многу време за да се добијат и други работи, сега е дојден моментот“

Вицепремиерот Маричиќ најави дека конечен став за предлогот ке има откако ќе завршат консулатциите во Собранието и ќе се усогласи и потпише Протоколот.

Посетата на Сарацин се случува еден по престојот на претседателот на Еврпскиот Совет Шарл Мишел, кој исто така упат силна поддршка за францускиот предлог за почеток на преговорите.