Loading Video...
Фудбал
7. January 2021 - 15:36

Манчестер Сити и Тотенхем ќе се борат за трофејот во „Карабао купот“

Екипите на Манчестер Сити и Тотенхем ќе се борат за трофејот во „Карабао“ или Лига Купот на Англија. 
 
Ова е исходот по комплетирањето на полуфиналните натпревари во кои Манчестер Сити со 2:0 го победи Манчестер Јунајтед на гостински терен со головите на Стонс и Фернандињо, а со ист резултат Тотенхем славеше во дуелот со аутсајдерот Брентфорд. 
 
Финалниот меч ќе се игра на 25 април во Лондон, а екипата на Манчестер Сити ќе го брани трофејот во ова натпреварување во кое има седим победи, една помалку од Ливерпул.