Loading Video...
Фудбал
15. January 2022 - 16:33

Манчестер Сити го доби дербито против Челзи

Манчестер Сити  е се поблиску до освојување на шампионскиот трофеј во англиската Премиер лига. 
 
Популарните „граѓани“ го добија дербито против Челзи во рамките од 20.коло со 1-0 и тоа благодарение на прекрасниот гол на Кевин Де Бруин постигнат во 70-тата минута. 
 
Сега Манчестер Сити има дури 13 бодови повеќе од Челзи кој е на второто место, додека Ливерпул кој е трет со заостанување од 14 бодови зад Сити, има два натпревари помалку од лидерот на табелата.