Loading Video...
Фудбал
9. May 2021 - 19:02

Манчестер Јунајтед со пресврт славеше на кај Астон Вила

Екипата на Манчестер Јунајтед ја одложи шампионската промоција на Манчестер Сити. 
 
Со победата од 3:1 на гостувањето кај Астон Вила, тимор на Манчестер Јунајтед сеуште теоретски може да му ја „украде“ титулата на градскиот ривал Сити кој вчера во дербито против Челзи загуби со 1:2. 
 
Со голот на Бертранд  Траоре во 24.минута, Астон Вила поведе со 1:0. Сепак, во вториот дел гостите постигнаа три гола. Во 52-та Буно Фернандеш израмни на 1:1 од пенал. Само четири минути подоцна Гринвидго постигна вториот, а во 87.минута Кавани беше стрелец на третиот гол за Јунајтед. 
 
Сега Сити има 10 бодови повеќе од Јунајтед кој до крајот на лигата треба да одигра уште четири натпревари, но доколку Сити на трите преостанати дуели освои три бода тогаш „граѓаните“ ќе се ја осигураат новата шампионска титула.