Loading Video...
Фудбал
16. April 2021 - 1:03
Манчестер Јунајтед - Рома и Вилјареал – Арсенал во 1/2-финалето на Лига Европа
Познати се четирите екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во полуфиналето на Лига Европа.
Македонските репрезентативци, Аријан Адемин и Стефан Ристовски со својата екипа Динамо Загреб се елиминирани во четвртфиналето од Вилјареал.
Шпанската екипа и по втор пат беше подобра од Динамо. По победа во Загреб со 1:0, популарната „жолта подморница“ славеше триумф и во реванш дуелот со 2:1.
Противник на Вилјареал во полуфиналето ќе биде англискиот Арсенал, тим кој по нерешените 1:1 во Лондон со Славија, во реваншот во Прага славеше убедлива победа со 4:0.
Вториот англиски претставник Манчестер Јунајтед и во вториот меч ја победи шпанската Гранада со идентични 2:0, па „црвените ѓаволи“ во полуфиналето ќе играат против Рома.
Италијанскиот тим одигра 1:1 на „Олимпико“ во Рим против Ајакс кого на првиот натпревар во Амстердам го победи со 2:1.
Првите средби од полуфиналето на Лига Европа се закажани за 29 април, додека реваншите ќе се играат на 6 мај, а големто финале на програмата е на 26 мај во Гдањск во Полска.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->