Loading Video...
Фудбал
4. April 2021 - 20:04

Македонското дерби за Пелистер

Фудбалерите на Пелистер беа подобри од големиот ривал Вардар совладувајќи го со 2-0.  Искусниот Борче маневски одигра како во најдобрите денови и го отвори резултатот во 17-тата минута со прекрасен удар со глава. Истиот играч во самиот финиш од пенал го постави конечниот резултат на оваа средба. 
Во Тетово Силекс беше на прагот да освои бод  но потклекна во самиот финиш за победа на Шкендија од 2-1. 
Гостите не искористија неколку убави прилики за да вво 63-тата минута Нафиу  обезбеди водство за лидерот на табелата. Во 76-тата минута Пепи Ѓорѓиев  успеа да израмни  на 1-1 што внесе неизвесност во завршницата се до 87=та минута кога  искусниот Бесарт Ибраими  постигна втор гол за Шкендија. 
Струга Трим Лум славеше со 3-1 против  Беласица.
По водечкиот гол на Ристовски,  Цаке  постигна прекрасен погодок со пета и ја најави победата на домашниот тим.  Во продолжението од мечот  следуваа по еден автогол на обете страни со што  гледачите видоа вкупно 4 погодоци на овој натпревар.