Македонија
26. February 2017 - 16:38

Македонските здруженија повикуваат на обединување за зачувување на македонската држава

Aстралиско-македонските општини коишто ја сочинуваат Сиднејско австралиската епархија на МПЦ  со осуда за албанската платформа која се наметнува како услов за формирање Влада во македонија. Тие им порачуваат на двете главни македонски партии СДСМ и ВМРО да не ја прифакаат платформата бидејки според нив дека тоа ке има сериозни последици за опстанокот на македонската држава.

Оваа платформа е производ на преговори водени во странска престолнина, Тирана, и ја промовира идејата дека Македонија треба да се претвори во би-национална, двојазична, федерална држава во која албанското малцинство, кое сочинува само од 15-20% од целокупното население,  би се декларирало како “конститутивeн народ”, се вели во соопштението на македонците од Австралија

МОДАС посочува дека со Охрдискиот Рамковен Договор на етничките Албанци во Македонија им се пружаат цврсти правни механизми за заштита на нивниот јазик, култура и права и дека со наметнување на двојазчноста на целат териотрија се промовира сепаљратистичка агенда  чија цел е редефинирање и евентуална поделба на државата.

Прифаќањето на СДСМ на таканаречениот Закон за Употреба на Албанскиот Јазик којшто наводно предвидува огромни парични казни за неспроведување на законските одредби на овој закон, претставува срамна капитулација во обид до дојде повторно на власт и ќе доведе до ослабување на македонскиот идентитет и култура, не само во Република Македонија, туку и низ целиот балкански регион кадешто на македонските малцинства им се негираат најосновните човекови права.

До претседателот на државата Ѓорге Иванов и до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев отворено писмо испрати и македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј .

Бараме да не го давате она што е макотрпно и со големи жртви создадено, бидејќи историјата во иднина нема вас да ве суди, туку ние сега ќе ве судиме. Застанете зад македонските интереси, престанете да давате отстапки за туѓи интереси и престанете да примате совети од странски тутори кои не ја почитуваат нашата државност со тоа што се мешаат во внатрешното уредување на државата. Ние не можеме повеќе да трпиме и молчиме кога ни се посега по нашиот идентитет. Дијаспората од вас бара зрелост и одлучност, а најмногу водечка улога во зачувување на нашата државност и нација

Граганската иницијатива  Македонски манифест во отворено пимсо до амкедонскиот народ се прашува дали сме слепи когане гледаме дека македонија влезе во последна фаза од исчезнувањето на идентитот.  Во пораката се вели.

Се наогаме на неколку чекори од последниот удар, промена на името, а со тоа и укинување на амкедонскиот идентите. Светските центи на мок кои ја туркаат оваа идеја чекор по чекор, плански, од независност наваму, имаат сесрдна помошод македонските политички партии и оној дел од народот кој е неосвестен и зачмаен заради единствениот идеал што го имаат во животот , парите и материјалната удобност.

Граганска иницијатива  Македонски Манифест