Loading Video...
Ракомет
13. August 2022 - 17:58

Македонските ракометни надежи се пласираа во финалето на ЕХФ шампшионатот во Рига

Кадетската репрезентација на Македонија ќе игра во финалето на ЕХФ шампионатот за ракометари до 18 години.
 
Македонските ракометни надежи ја остварија и четвртата ибедлива победа на првенството што се одржува во Рига, Летонија. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ попладнево во полуфиналето ја совладаа селекцијата на Луксембург со убедливи 10 голови разлика 33-23 (полувреме 15-9). 
 
Со оваа победа црвено-жолтите обезбедија пласман во финалето во кое за противник ќе играат со подобриот од вториот полувинален дуел меѓу  Летонија и  Швајцарија .
 
Потсетување дека влогот е огромен за оваа генерација на ракометари. 
 
Имено со триумф на ова првенство се брка и настап на две следни големи натпреварувања, односно учество на Светското првенство за играчи до 19 години што ќе се одржи следното лето, како и настап на Европскиот шампионат за играчи до 20 години што ќе се одржи во 2024 година.
 
Финалниот дуел, за златниот медал нашите ракометни надежи  ќе го играат утре со почеток од 16 часот.