Loading Video...
Ракомет
19. February 2020 - 18:44

Македонските ракометни надежи ќе разигруваат за пласман од 9 до 14.Место на Медитеранските игри

Кадетската репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години, настапува на Медитеранските игри. 
 
Со по една победа и нерешен резултат и четири порази, избраниците на Матлиевски го завршија настапот во групната фаза на игрите што се одржуваат во Атина, Грција.
 
Како и изминатите два дена така и денеска нашите ракометни надежи одиграа два меча. 
 
Во претпладневниот загубија од врсниците од со Црна Гора со пет гола разлика 17-22, а во попладневниот во дуелот против Турција пропуштија шанса да стигнат до победа, па откако во последната секунда не реализираа седмерец, црвено-жолтите одиграа нерешено 18-18. 
 
Така македонските ракометари наместо борба во четвртфиналето, тие ќе разигруваат Македонија уште претходно беше јасно дека оди во разигрување од 9. до 14. место.