Loading Video...
Ракомет
24. April 2022 - 18:38

Македонските ракометарки очекувано поразени од Норвешка, но не разочараа

 
 
Нашата најдобра женска ракометна репрезентација попладнево го одигра реванш дуелот од двомеч со Норвешка во рамките од ЕХФ Купот 
 
Откако првиот меч во Скопје пред четири дена го загубија со 18-24, И попладнево на гостувањето кај Норвежанките избраничките на селекторот Љупчо Савески имаа сили само за едно полувреме.
 
Во првото повеќепати имаа предност, а на поузата заминаа со нерешени 14-14. Сепак во вториот дел домаќинките ја покажаа својата класа и на крајот славеа со 32-24. 
 
Дуелите со актуелните европски и светски шампионки, Норвежанките како и оние против Словенија и Црна Гора беа одлична можност за помладите избранички на Савсвски да се стекнат со поголемо искуство, а воедно репрезентацијата да се подобро воиграна за она што претстои. 
 
Тоа е Европското првенство што од 4 до 20 ноември што ќе биде организирано токлму Македонија, Црна Гора и Словенија.